Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев кој ја формираше владата на Бугарија пред неколку дена. Филипче не може да почека ни една недела, за да се огласи дека спремен е на нова серија на национални предавства и дека ќе го продолжи аманетот што му го остави Заев, па јавно вели дека сопствената држава создавала вештачки конфликти со соседите, а и изигрува кодош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Румен Радев, новиот премиер на Бугарија, не е нова политичка фигура и јасни се неговите ставови околу македонскиот идентитет.

Официјалните ставови од Софија се дека македонскиот јазик е од 1945 и има бугарски корени, дека Гоце Делчев е бугарин, а Филипче трча да му се продаде и разгласува дека ќе ги направи уставните измени.

— реклама —

Филипче вели дека во 90-тите се зборувало за национални теми, а сега не биле битни и на тој начин се обидува да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси.

Најавуваат некоја нова програма, и преку тоа од СДС се обидуваат да го убедат народот дека идентитетот и националните интереси не се важни, а Филипче се однесува како да е портпарол на бугарските барања.

— реклама —

Венко Филипче се занимаваше со се освен со СДС, славеше туѓи победи на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ во други земји, шеташе во Рим и од таму со статуси се грижеше за работниците за 1-ви Мај додека беше на продолжен викенд, и е единствен политичар кој оди на летен распуст, на јахтите на Заев во Грција, за сега најново да се расфрла насекаде со изјави дека ќе ги направи уставните измени без гаранции.

Според ова, него му е важна само фотелјата на Бихаќка и да дојде на власт за да го продолжи планот за уништување на државата на Заев, па мора да се разгласува дека тој е оној кој ќе каже ʼдаʼ на нова национална отстапка.

Филипче веќе се замислува себе си во премиерска фотелја и заборава дека е опозиција, опозиција која од ниеден аспект не е конструктивна, па се обидуваат да најдат начин и како такви да штетат на државата.

— реклама —

Венко Филипче и СДС доживеаја два последователни изборни порази и уште не ја научија лекцијата, па настапуваат арогантно во јавноста, се караат со медиуми, со новинари, како и со официјални претставници на други земји во Македонија.

Од СДС, ги исклучија коментарите по социјалните мрежи што значи дека воопшто немаат интерес грижа што имаат да кажат граѓаните.

— реклама —

Откако распродадоа се што можеше заедно со Заев, па после него и Димитар Ковачевски, откако ја испокрадоа државата, ја блокираа преговарачката рамка со ЕУ, мислат дека некој пак ќе ги гласа.

Тоа што се обидува да го наметне како нормално, односно уставните измени без гаранција, нема да му пројде затоа што народот знае кои се Венко Филипче и СДС и дека никогаш не работеле за интересот на Македонија и на македонските граѓани.

Македонија заслужува опозиција која се бори за интересите на граѓаните, а не опозиција која коленичи пред странски премиери, затоа народот и трет пат ќе им ја испрати истата порака на СДС“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања