„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„ВМРО-ДПМНЕ има градночалници во повеќе од 30 општини уште во првиот круг, во Струмица победивме по цели 20 години“, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryju6u5pnj5o2m7JynWVi

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи победа на партијата во повеќе од 30 општини уште во првиот круг. Истовремено, тој најави и победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, бидејќи, како што рече има убедливо водство.

— реклама —

„Ветивме победа, имаме победа! Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку ова е почеток на новата македонска енергија. Во овие недели покжавме дека политиката може да има поинакво лице, без навереди, без омраза, со достоинство. Граѓаните го препознаа тоа, и вечерва со убедливо мнозинство ја потврдија својата доверба не поради нас, туку поради себе. Поради своите семејства, поради својата иднина, поради Македонија. Секој човек кој излезе и гласаше за продолжување на промените, гласаше дека може подобро, тоа е нашата обврска и довербата не е награда, туку задача која почнува утре наутро. Затоа оваа победа не е само наша, туку во сите кои веруваат дека општините мора да одат напред. Да бидам искрен, патот не е лесен, но Македонија има сила и волја. Пред нас се уште две недели на одлука, на која треба да ја заокружиме промената. Тезата дека имало нерегуларности е плитка, а сето тоа е алиби да се оправда слабиот резултат на опозицијата.

Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Имаме победи и во општини каде што СДСМ имаше свои градоначалници, како што е Струмица. Дваесет години чекавме на овој ден. Имаме победа во Делчево, Берово, убедлива победа имаме во Битола, во Прилеп, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес, Радовиш и така натаму.

— реклама —

Орце има огромно водство во Скопје, и таму извесен победник е Орце во вториот круг“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 1 месец

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Македонија | пред 1 месец

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања