Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа – по 20 години освоена Струмица и 33 општини во прв круг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека постигнала историски резултат на локалните избори, освојувајќи градоначалнички мандати во 33 општини уште во првиот круг, меѓу кои и Струмица — град што две децении важеше за бастион на СДСМ.

— реклама —

„По 20 години, ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС – Струмица. Кандидатот Петар Јанков забележа историска победа со разлика од над 5.000 гласови“, соопштија од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека освен во Струмица, успеале да ги освојат и повеќе општини кои претходно биле под раководство на СДСМ – меѓу нив Берово, Делчево и Маврово-Ростуше, а водат и во неколку општини каде ќе следува втор круг, како Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане и Валандово.

— реклама —

„Овие локални избори потврдија дека граѓаните сакаат промени и резултати. ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДСМ само во три помали општини,“ велат од партијата.

Меѓу општините каде што ВМРО-ДПМНЕ победи уште во првиот круг се: Берово, Битола, Велес, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Ново Село и други.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува и во вториот круг во Аеродром, Карпош и Град Скопје, каде кандидатот Орце Ѓорѓиевски ќе се соочи со кандидатот на Левица.

„Овие резултати се доказ дека граѓаните избраа промена, напредок и одговорност. Македонија тргнува по нова патека – на развој и стабилност,“ стои во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања