Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Кадриу сведочи дека била суспендирана за да не заврши „пола Влада во затвор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarydtb5lmdv6kfj5GCo6Bg

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, била суспендирана поради истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, при што, како што тврди, „пола Влада ќе завршела во затвор“.

— реклама —

Манасиевски посочи дека пред поставувањето на модуларните болници бил изменет Законот за градење по итна постапка, со што овие објекти биле третирани како урбана опрема, а одобрението за нивно поставување го издавало Министерството за здравство. Според него, со ваквите измени биле заобиколени построги стандарди за градба.

— реклама —

Тој обвини дека наместо панели со камена волна, биле користени панели со пур-пена, како и дека немало соодветен елаборат за електрична инсталација и разводна табла, што, според неговите тврдења, довело до експлозијата и пожарот во кој животот го загубија 14 лица.

Манасиевски наведе и дека според изјавите на Кадриу, од предвидените 30 милиони евра за модуларните болници, за конкретниот објект биле потрошени околу 300.000 евра, поставувајќи прашање каде завршиле останатите средства.

— реклама —

Дополнително, тој тврдеше дека модуларната болница била поставена над резервоар на бензинска пумпа, што, како што рече, можело да предизвика уште поголема трагедија.

— реклама —

Според Манасиевски, суспензијата на обвинителката следела откако таа побарала градежно вештачење. Тој ја обвини тогашната власт за притисоци врз обвинители и судии, оценувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за одговорноста и функционирањето на институциите во тој период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 38 минути

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 59 минути

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања