Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: „Коларевиќ да одговори дали по наредба на Абази и насока на Филипче, Заев и Ахмети ја стопирала истрагата за „Мазут““

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryjs99c1mk31qr8CbFl1A

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинија дека стопирањето на постапката за случајот „Мазут“, поврзан со набавка вредна 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино, повторно ги покажало, како што велат, врските на СДСМ и ДУИ со судско-обвинителскиот систем.

— реклама —

Од партијата тврдат дека обвинителката Катерина Коларевиќ и шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, имаат блиски врски со СДСМ и ДУИ и побараа одговори за причините поради кои е стопирана истрагата.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека родителите на обвинителката Коларевиќ биле избрани на високи функции од влади предводени од СДСМ, што според ВМРО-ДПМНЕ укажува на политичка поврзаност.

Во соопштението партијата обвини дека одлуката за прекин на постапката не е заснована на правни аргументи, туку на политички влијанија и постави прашање дали обвинителката постапувала „по насоки“ од Абази и од, како што наведуваат, „врхушката на СДС и ДУИ“.

— реклама —

„Очекуваме одговори, затоа што јавноста има право и заслужува да ја знае целата вистина, додека Советот на јавни обвинители има обврска да го истражи работењето и постапувањето и на Абази и на Коларевиќ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата во соопштението додаваат дека за враќање на довербата во правосудството е неопходна професионална, дисциплинска и кривична одговорност за обвинителите доколку се утврди противправно постапување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања