Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: „Лагите и конструкциите на СДС нема да го запрат развојот на државата, резултатите се видливи, 2 години стабилен раст, развој и инвестиции“,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираа на критиките од опозициската СДСМ, оценувајќи дека, како што велат, политичките напади и обвинувања нема да го спречат развојот на државата.

Од партијата посочуваат дека актуелната Влада во изминатите две години обезбедила стабилност, економски раст и инвестиции, за разлика од претходниот период кој, според нив, бил обележан со кризи и финансиски проблеми.

— реклама —

„Македонската економија бележи раст седум квартали по ред, со стапка на раст на БДП од три проценти, што е показател дека државата се движи во вистинска насока“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата истакнуваат дека во изминатиот период се реализирани рекордни инвестиции во висина од 1,255 милијарди евра, како и дека се спроведува најголемиот инвестициски циклус во поновата историја на државата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, зголемени се платите во повеќе сектори, меѓу кои образованието, здравството, полицијата и одбраната, а просечната нето-плата за две години пораснала за речиси 20 проценти.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека Владата работи на изградба на шест нови автопатски делници, додека во следниот период се предвидени значајни капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека е намалена стапката на невработеност, а истовремено се реализираат мерки наменети за младите, меѓу кои ваучери за електронски уреди, поддршка за започнување сопствен бизнис и субвенции за млади земјоделци.

Партијата оценува дека резултатите од владините политики се видливи и дека Македонија продолжува да се развива и економски да напредува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања