Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спинови, СДС да одговори за релацијата со фирмата од која се запленети 30 тони марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека наместо, како што наведува, „спин и манипулација“, Венко Филипче и СДС треба да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, од која, според партијата, потекнувале околу 30 тони од вкупно 40 тони запленета марихуана.

— реклама —

Во соопштението се посочува фотографија на која, според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче е во друштво на Тони Котев, сопственик на фирмата поврзана со случајот. Од партијата тврдат дека јавноста заслужува објаснување за оваа релација, како и за, како што наведуваат, наводните партиски врски на основачите на компанијата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев дека во 2020 година иницирале легализација на марихуаната, а по неуспехот, според нив, се пристапило кон масовно издавање лиценци за медицински канабис. Во тој контекст, како што тврдат, струмичкиот регион станал „жариште“ на производство.

— реклама —

Партијата се повикува и на измените на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, со кои била овозможена можноста за одгледување на отворено, оценувајќи дека таквата одредба е во колизија со законските решенија и со стандардите за добра производствена пракса. Според нив, доколку производот не ги исполнува тие стандарди, тој не може да се користи како легален медицински производ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде завршувала марихуаната која, како што наведуваат, не можела да се пласира како легален медицински производ и дали во случајот станува збор за лични или партиски интереси. Партијата го повика Јавното обвинителство, како што наведува, итно и темелно да ја испита целосната релација меѓу Заев, Филипче и фирмата „ЦБД Медплант“, како и сите околности поврзани со запленетите 30 тони марихуана, истакнувајќи дека јавноста има право на целосна транспарентност и еднаквост пред законот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8c4k32nu0mnp08p35CV

„Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за насилството врз младата девојка од Охрид

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања