Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library15g81gclr13v5lnCoSg

Општина Бутел во изминатиот период реализирала низа инфраструктурни, образовни, спортски и комунални проекти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, од каде што велат дека промените се видливи низ повеќе населени места во општината.

Од партијата посочуваат дека започнале активности за изградба на водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, додека е завршено новото училиште во Визбегово, инвестиција вредна 106 милиони денари.

— реклама —

Како дел од реализираните проекти се наведуваат и надградбата на ООУ „Ацо Шопов“, започнатата изградба на затворен базен, две нови детски градинки, пет спортско-рекреативни центри и повеќе од 30 спортски и детски игралишта.

— реклама —

Во општината било уредено и речното корито на Серава во должина од 1.800 метри. Радишани добил нов парк и плоштад, додека во тек е изградбата на нов мега-парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пешачка патека покрај Серава и два нови моста.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во изминатите пет години биле реализирани и повеќе реконструкции и асфалтирања на улици.

— реклама —

Од партијата најавуваат продолжување на инвестициите со изградба на нова поликлиника, секундарна водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“ и нова детска градинка во Визбегово.

— реклама —

Во плановите се и нови спортски центри, дом на културата и активности за поставување видеонадзор на јавните површини.

„Една година е само почеток. Бутел се гради, се развива и се менува со конкретни проекти и уште посилно темпо во периодот што следува“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 11 час

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања