Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за манипулација на работниците се прочитани, на СДС и ССМ веќе никој не им верува, ја губат и онака малата поддршка од граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Манипулациите на работниците не поминуваат, на ССМ и СДС веќе никој не им верува. Од ден на ден се повеќе ја губат и онаа мала поддршка што ја имаа од граѓаните. Тоа се виде на дебаклот од изминатиот викенд, каде на протестот на ССМ, наместо да има вистински работници, имаше само партиски челници на СДС кои со маици со логото на партијата беа во првите редови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата организација и логистика на таканаречениот синдикален протест, беше во рацете на лица од општинските организации на СДС. Но на крајот и ССМ и СДС доживеаја фијаско и автобусите до Скопје патуваа празни.

— реклама —

Тоа е јасен доказ дека СДС и ССМ се прочитани и дека дури ни нивните членови не им веруваат. Исто така, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на ССМ во координација со СДС.

— реклама —

Ова ССМ на чело со Слободан Трендафилов, свесно се стави во служба за заштита на интересите на СДС, а не во заштита на правата на работниците.

Неколкумината во врвот на ССМ со трендафилов на чело, работат директно во интерес на СДС и нивните политики, а нивната крајна цел е да им наштетат на Владата, која посветено работи и дава максимални напори за да овозможи подобри услови и повисоки плати за сите.

— реклама —

Меѓу ССМ и СДС нема разлика и затоа, се повеќе вистинските работници кои се членови на синдикатот, се прашуваат дали се дел од синдикално здружување или пак од политичката партија.

— реклама —

Но тоа што многу добро работниците го знаат е дека и СДС и ССМ не работат во нивен интерес и не ги штитат нивните права.

Вистинскиот партнер на работникот и на сите граѓани, останува ВМРО-ДПМНЕ, што со конкретни мерки и политики го подобрува животниот стандард, во континуитет ги зголемува платите и ја зацврстува економијата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања