ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-11-27-at-14.20.57

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на локалните избори освоила 550 советнички места, што е за 82 повеќе од минатите избори, додека СДСМ добила 230 советници, односно 166 помалку во однос на 2021 година.

— реклама —

Од партијата нагласуваат дека историската победа во 33 општини во прв круг е доказ за „чесната работа, посветеноста и реализираните проекти“ на локалните власти и на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со 50 проценти подобар резултат од 2021 година, кога освоивме 22 градоначалници во прв круг, сега имаме 33. Победивме и во бастионот на СДСМ – Струмица, каде што граѓаните им кажаа збогум на неуспешните политики на Заев и Филипче“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Покрај Струмица, ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички мандати во повеќе општини кои досега биле под власт на СДСМ, меѓу кои Делчево, Берово и Старо Нагоричане.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ добила околу 325.000 гласови за градоначалници и 302.000 за советнички листи, што претставува пораст во споредба со изборите од 2021 година.

Партијата победи во следниве 33 општини:
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип.

Во уште 20 општини, меѓу кои Аеродром, Карпош, Кичево, Кочани и Валандово, како и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ влегува во втор круг со водство.

„Со 550 советнички места наспроти 230 на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник. Граѓаните направија вистински избор – за секое маало, за секоја општина и за Македонија која се движи напред“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека оваа историска доверба од граѓаните е „и чест, и обврска“ – да продолжат со чесна и принципиелна работа во интерес на народот и државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања