Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека започнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор, што во иднина би им овозможило на граѓаните да ги користат мобилните услуги во земјите од Европската Унија по исти цени како во државата.

— реклама —

Од партијата велат дека приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“ ќе значи поевтини повици, СМС-пораки и интернет за граѓаните, како и подобри услови за компаниите и прекуграничната соработка.

— реклама —

Посочуваат дека за таа цел се изработени четири гап-анализи за усогласување на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, по што бил подготвен и Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Советот на ЕУ на 4 јуни годинава го одобрил почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за проширување на иницијативата „Roam Like at Home“, што претставува формален почеток на процесот.

— реклама —

На 12 јуни, министерот за дигитална трансформација ќе учествува на состанок со министрите од регионот и претставници на Европската комисија, на кој ќе се разговара за следните чекори и подготвеноста на земјите за приклучување кон иницијативата.

— реклама —

Од владејачката партија оценуваат дека станува збор за конкретна мерка што ќе донесе практични придобивки за граѓаните и ќе ја потврди посветеноста на државата кон европската интеграција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања