Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС и Венко Филипче со историски најниска доверба од граѓаните. Лошиот ПР, небулозните и клеветнички соопштенија и прес-конференции, полни со навреди и непристоен речник, СДС и Венко Филипче ги донесе до рејтинг од 4,9% и 3,6%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак, Филипче, не е загрижен за неговиот и на СДС лош рејтинг кој од анкета до анкета, во континуитет се топи, и што целосно потфрлија фалименто соопштенијата напишани од новиот партиски ПР шеф, Башановиќ, затоа што целосно живее во свој паралелен универзум.

Со месеци ги слушавме СДС и Филипче како, по којзнае кој пат, ги лажеа граѓаните како новите анкети ќе покажат дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните паѓа, додека, пак, кон СДС се зголемувала.

И тоа со месеци го повторуваа на лажните прес-конференции и по јавните настапи.

Но, последното истражување на јавното мислење откри уште една лага на СДС, со што повеќе од јасно е дека на следните избори оваа партија на чело со Филипче, ќе се соочи со многу лош резултат, од оној од последните изборни циклуси.

— реклама —

Тоа значи, дека нема да биде изненадување за никој доколку СДС на следните избори освојат и помалку од 100.000 гласови. Тоа го покажуваат и резултатите од последната анкета.

Тоа што е позагрижувачки, е што на Бихаќка никако да им дојде памет дека треба да ги променат политиките и да ги променат новите ПР шефови Башановиќ и Шчекиќ, луѓе кои по насока на Заев се таму и го уништуваат СДС.

— реклама —

А, тој што свесно го дозволува уништувањето на СДС, е токму Венко Филипче кој тоа го прави по насока и целосна послушност кон Зоран Заев.

Послушноста на Филипче кон Заев се гледа и по што негови луѓе се дел од таканаречените нови партиски структури, меѓу кои е и Стојан Коциров кој до пред само некоја година како директор ја водеше фирмата блиска до семејството Заеви, поточно Вице Заев, Сара Инженеринг ДОО Струмица.

Се поизвесно е дека СДС ќе продолжи да тоне со ова раководство предводено од Венко Филипче, кое нема намера ниту да спроведе внатрепартиска кадровска реформа, ниту, пак, да се огради од Зоран Заев.

— реклама —

Партија со највисока доверба кај граѓаните од 24% и понатаму продолжува да биде ВМРО-ДПМНЕ, што е резултат на досегашната работа, реализирани проекти и исполнети ветувања.

Граѓаните добро знаат да направат разлика и токму затоа, продолжуваме со исто темпо на работа, нови проекти и успешни мерки за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjs99c1mk31qr8CbFl1A

„Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки што е сосема спротивно од европските стандарди“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 14 часа

media-library006733a94g0e1RsM7NS

„До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 15 часа

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

„СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh4uaeu6peghp68rbgaL

„Наспроти црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања