Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,8% во последното тримесечје, силната динамика на Владата за реализација на капиталните инвестиции ги дава резултатите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни. Измината повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Така што последниот квартал од 2025 година, македонската економија го завршува со раст на БДП од 3,8%, при што годината заврши со раст од 3,5%.

— реклама —

Растот на БДП е широка основа, но клучни сектори кои покажуваат дека македонската економија застанува на здрави нозе и кои го овозможуваат и најмногу придонесуваат во овој раст, се градежништво кое бележи раст од скоро 15%, односно високи 14,6 проценти и извозот со 9,5%, односно скоро 10%.

Овој висок раст на градежништвото во четвртото тримесечје од мината година е резултат на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5%.

— реклама —

Тоа значи дека силната динамика на растот на градежништвото, најмногу се должи на посветеноста на македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за реализација на капитални проекти, како што се патишта и автопатите дел од паневропските коридори.

Работите на терен не престануваат и со уште позасилено темпо ќе се продолжи со работа, не само за градежништвото да бележи уште повисоки проценти на раст, туку преку изградба на соодветна, брза и квалитетна инфраструктура за се развиваат сите економски сектори.

— реклама —

Друг показател кој особено охрабрува е растот на извозот и неговиот сооднос со увозот на стоки и услуги. Па така, последниот квартал од минатата година извозот се зголеми за скоро 10%, додека увозот за 3,3% што значи дека нето-извозот имал значително позитивно влијание врз македонското стопанство.

Овие се охрабрувачки параметри кои се добра основа за уште поголем понатамошен економски раст кој ќе донесе подобар животен стандард и повисоки плати за сите.

— реклама —

Во целиот овој изминат труд, не недостигаше поддршката од државата за стопанство, за која цел Владата стави на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании.

И сето ова даде резултати. Македонија мора и може повеќе“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 2 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања