Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС глуми загриженост, а остави пустош: Лицемерие на „гробарите“ на македонската енергетика!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на релација Нов Зеланд-Дубаи, а домашните производствени капацитети ги оставија во пустош.

— реклама —

Има ли некој свесен во СДС да признае дека нивната деструктивна политика го доведе целиот енергетски систем до колапс? Чувствува ли некој таму трошка вина за криминалните шеми, чија единствена цел беше лично богатење на „фамилијата“?

Кога СДС денес глуми загриженост за сметките за струја, кои и покрај нивниот пустош останаа стабилни, должни се да одговорат зошто го оставија ЕСМ со загуби од 140 милиони евра и долгови кон добавувачи од 80 милиони евра? Зошто го направија РЕК Битола зависен од скап увозен јаглен и зошто дозволија цената на произведената струја да достигне неверојатни 140 евра за мегават час?

— реклама —

Да е лакрдијата поголема, додека системски го уништувале ЕСМ, во истиот период 2017-2024 година искрадиле милијарди денари од ЕСМ, за што веќе се процесирани пријави за кривично гонење за 16 предмети само од РЕК Битола, а тој број секојдневно расте.

— реклама —

Веруваме дека надлежните институции ќе ги изведат пред лицето на правдата сите виновници кои го загрозија енергетскиот систем, вклучувајќи ги и нивните „големи директори“ Васко Ковачевски – Колбасо и Пеце Матевски – Хармоникашо, кои се директно одговорни за урнисувањето на комбинатот.

Оттука на СДС им порачуваме, лажните душегрижници нема да поминат неказнето за системското уништување на македонската енергетика.

— реклама —

Впрочем, набавката на електрична енергија е токму последица на нивното катастрофално управување со домашниот електроенергетски систем.

Тоа што СДС го уништи во периодот 2017-2024 година е невозможно да се санира за кратко време. Но и покрај тоа што изминативе година и половина интензивно се работи на обнова и враќање на производните капацитети во нормална состојба и на целосна консолидација на ЕСМ, која СДС буквално ја претворија во загубар, по што и цената на електричната енергија за граѓаните остана стабилна“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања