Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја политизира состојбата во Гостивар, институциите ќе ја утврдат одговорноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обвинувањата од СДСМ поврзани со случајот со загадената вода и прогласената епидемија во Гостивар, оценувајќи дека опозициската партија ја злоупотребува ситуацијата за собирање дневнополитички поени.

Од партијата велат дека на СДСМ и на лидерот Венко Филипче не им е приоритет заштитата на здравјето на граѓаните, туку политичката корист од актуелната состојба.

— реклама —

„СДС со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени, наместо да дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат фактите“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се посочува дека надлежните институции веќе постапуваат во рамките на своите законски овластувања и дека евентуалната одговорност треба да се утврдува врз основа на докази, а не преку политички настапи.

— реклама —

„Во случајот со Гостивар, надлежните институции постапуваат согласно своите законски овластувања и секоја евентуална одговорност ќе ја утврдат надлежните органи врз основа на докази, а не врз основа на политички прес-конференции“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека локалната самоуправа има јасно утврдени надлежности во делот на водоснабдувањето и комуналните услуги, додавајќи дека доколку се утврдат пропусти, одговорност треба да има без оглед на политичката припадност.

— реклама —

Партијата воедно тврди дека СДСМ и Венко Филипче претходно повикувале да се поддржи актуелното раководство на Општина Гостивар, кое, според нив, го сочинува коалицијата ДУИ – СДС – Таравари.

„Обидите за префрлање на вината, без завршена истрага, претставуваат неодговорно политизирање на случајот од страна на СДС“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во партиската реакција се додава дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот оти секој што има законска или службена одговорност треба да сноси последици, но само доколку тоа биде утврдено од надлежните институции.

Реакцијата следува откако претходно СДСМ ја обвини Владата за, како што наведоа, институционални пропусти и побара политичка одговорност за случувањата поврзани со загадената вода во Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања