Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да има целосен реформски успех, затоа здружено ја користат секоја можност да блокираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarylrv45hih648s97WYHag

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат реформскиот процес во државата и не го поддржуваат донесувањето на измените на Изборниот законик.

— реклама —

Од партијата тврдат дека претставниците на опозициските партии учествувале во подготовката на законските измени и дека нивните забелешки биле прифатени и вградени во конечниот текст, но дека на крајот го блокирале неговото усвојување.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот однос покажува дека за опозицијата не е приоритет исполнувањето на реформските обврски, туку, како што наведуваат, политичкиот профит од создавање застој во процесите.

Во соопштението се наведува дека на опозициските партии им било понудено дополнително да ги внесат своите предлози во текстот на законот, но тие, според ВМРО-ДПМНЕ, не ја прифатиле таа можност.

— реклама —

Од владејачката партија порачаа дека реформите ќе продолжат и покрај, како што велат, блокадите и опструкциите, додавајќи дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу политиките на власта и на опозицијата.

— реклама —

Изнесените ставови и обвинувања се на ВМРО-ДПМНЕ. До моментот нема реакција од СДСМ, Левица и ДУИ во врска со овие наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања