Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
lepa-brena

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Инсталациите на српските служби во Македонија, СДС и Венко Филипче продолжуваат со својата хипокризија. Иако нивен партиски член, дел од поранешните раководни структури во СДС, поранешен советник на Зоран Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски кој учествувал и раководењето на државни институции, беше жив фатен како соработник на српската служба БИА, СДС се однесува како да не е оттука, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ.

„Наместо со својата хипокризија СДС уште да обвинува други за разноразни теории на заговор, редно да си погледнат во сопствените редови кои се први соработници на туѓи служби.

— реклама —

Или, пак, можеби и Венко Филипче е директна инсталација на српските служби, по примерот на советникот на неговиот ментор, Зоран Заев кој се уште раководи со партијата.

— реклама —

Од друга страна, ваквото однесување и хипокризија на СДС е резултат на нивната разочараност што синоќа партискиот врв на чело со Филипче, Љупчо Николоски Путерот, нивниот градоначалник на Крива Паланка не можеа да се забавуваат на концертот на Лепа Брена, кој беше откажан поради временските услови.

Да, тоа е таа Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ, за кој сега ја креваат најголемата хистерија во јавноста.

— реклама —

А кога станува збор за пејачи од Србија, вредно е уште еднаш да напомниме и тие малку градоначалници што СДС ги има, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица, прават журки со пејачи на Александар Вучиќ.

— реклама —

Инаку ставот на Владата во однос на покојниот поранешен генерал, Ратко Младиќ е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти, а од поединци, владини функционери кои излегоа со негова поддршка побара повлекување на ставот или доколку не се согласува со ставот на Владата, да се повлече од позицијата што ја извршува.

Значи, тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 14 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања