Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС сервилна знае само за патлиџан дипломатија и предавнички политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ..

— реклама —

„Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија.

СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси.

— реклама —

СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа.

— реклама —

Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина.

Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси. Наместо цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси.

— реклама —

Државата заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања