„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Заев и Спасовски преку Јанева ја контролирале работата на СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДС.

Советник на министерот за внатрешни работи, Спасовски, за време на техничката влада пред околу 10 години, во канцелариите на СЈО му рекол на обвинителот Кадриу дека треба да се прошири опфатот на лица во одреден предмет. По нејзиното одбивање, тој заминал да се жали на друго место, а Кадриу подоцна била отстранета од работа.

— реклама —

Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО. Спасовски преку неговиот советник давал насоки за избор на предмети и кој обвинител кој предмет ќе го работи, кои лица треба да се опфатат и кој да одговара.

Катица Јанева била само координатор додека предметите ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска.

Кривичните пријави биле доставувани на лист и незаконски пренесувани од ЈО во СЈО по политичка желба на СДС. Поранешната обвинителка Лејла Кадриу како што сведочи била отргната од СЈО бидејќи не сакала да учествува во криминалот на Јанева поради што и била избркана од работа.

Прислушуваните разговори „бомбите“ првично не можеле да бидат доказ, но со само една одлука на апелационен судија биле прифатени во судските постапки.

Постоеле координирани врски меѓу СЈО, обвинителството и судството за да се прифаќаат предмети по насока на СДС, Зоран Заев и Оливер Спасовски. Судии кои не соработувале биле изложени на притисоци и закани.

Секој што не бил „ тимски играч“  со Јанева и СЈО бил под притисок, а еден поранешен судија и претседател на суд бил осуден.

СЈО на Катица Јанева и Заев се најголемиот срам за правосудниот и обвинителски систем во државата кој дополнително ја поткопа недовербата во институциите.

ЈО да го испита целиот случај и одговорноста кај инволвираните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysjv2f6c175g07jMTbY6

Обвинителката Јосифоска бара јавно извинување од Кадриу: Изнесени се лаги за мојата работа во СЈО

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk06vlq5sg1n37kcHdBg

Бубевски се закани со тужба за клевета: Никогаш немав 4 телефони, вистината ќе излезе на суд

Македонија | пред 3 седмици

gruevski

Груевски по сведоштвата на Кадриу: СЈО беше вистинско „злосторничко здружение“

Коментари | пред 3 седмици

sjo

СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања