Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
benziska-guzva-goriva

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните со конкретен план и мерки. Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија. Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари. И покрај зголемувањето Македонија има убедливо најниски цени во регионот на горивата.

— реклама —

Овие мерки носат конкретни заштеди за граѓаните, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден, или некаде околу милион и пол илјади евра седмично, земајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво. Со оглед на тоа дека просечната потрошувачка е некаде околу милион и шестотини илјади литри од коишто милион и двеста литри се дизел гориво, отприлика 75% а останатите четиристотини илјади литри се бензин 95 и 98 октански.

— реклама —

Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.

Електроенергетскиот систем во државата функционира стабилно со активни производствени капацитети. Во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 проценти исполнетост, што, би било доволно за производство на електрична енергија за околу еден месец и во услови ако останатите извори запрат.

— реклама —

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија.

— реклама —

Со овие мерки се прекинува синџирот на поскапување. Превентивно се делува за да се спречат економските притисоци и се штитат цените на храната, транспортот и услугите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 22 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања