Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работело под политички диктат на Заев неговите адвокати интервенирале во предметот „Пуч“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

СЈО наместо како независна институција делувало како партиски штаб на СДС. Зоран Заев и луѓе блиски до него давале насоки и директиви кој предмет ќе биде одработуван, каде ќе биде распореден и кој треба да биде обвинет, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу тврди дека четворица адвокати на Заев вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“.

— реклама —

Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од СЈО.

— реклама —

Истиот овој предмет, потоа бил донесен во СЈО, спакуван во кутии и заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Предметот бил оставен да фаќа прашина, а обвинителките не оделе на рочиште, што според обвинителката Кадриу, тој предмет и денес ако се најде, се уште би бил со заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан.

Кадриу тврди дека предметот бил префрлан и чуван без суштинска постапка, што отвора сомнежи за неговото реално процесирање.

— реклама —

Кадриу посочува и дека најмалку уште два предмети, меѓу кои случаите поврзани со Гордана Јанкуловска и „Нешковски“, биле политички мотивирани и користени за постигнување одредени политички цели.

— реклама —

Поради сериозноста на изнесените тврдења, неопходно е Јавното обвинителство темелно и непристрасно да ги истражи сите наводи, со цел вистината да излезе на виделина и да се утврди евентуална одговорност.

Само преку транспарентна и независна постапка може да се врати довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 38 минути

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 59 минути

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања