Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДС школа за лаги без конкуренција, барем јавно да се извинат на граѓаните откако сите лаги им пукнаа како меур од сапуница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Откако сите лаги им се распрскаа како меур од сапуница, СДС и Богданка Кузеска без трошка срам продолжуваат да лажат. Не е ни чудно тоа за нив, да имаше школа за лажење, дефинитивно немаше да имаат конкуренција, затоа што само од СДС можат со рака на срце да се колнат дека ја сакаат државата, а од друга страна ја распродаваат, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

„Еден од еклатантните примери за безочно лажење е менторот на Венко Филипче, Зоран Заев, кој дури и во децата и своите предци се колнеше дека нема да го смени името кога ќе дојде на власт.

— реклама —

За жал, голем дел од граѓаните поверуваа на лагите на Заев и СДС и не само што до смени името, туку заедно со неговиот чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче и ги распродаваа националните и стратешки интереси, државата ја опљачкаа, а граѓаните ги осиромашија.

— реклама —

Со најголемата лага „нема правда, нема мир“ СДС ја искористи таканаречената Шарена револуција, за да дојде на власт и да инсталира свои послушници во правосудството, кои прво Заев го ослободија од вина за примањето поткуп, па после со Филипче и останатите да ги заштитат од седумгодишниот криминал и пљачка на Македонија.

Лажеа и за загадениот воздух, на цел глас дерејќи се Заев и компанија од СДС на предизборен митинг во Аеродром, дека ајро немало и дека по победата ќе го исчистеле, за што не само што со прст не мрднале, туку сега да гледаме дека со набавките на сомнителен квалитет на мазут свесно ги труеле граѓаните.

— реклама —

Една од поновите лаги на СДС и Венко Филипче, која се распрсна на сите страни, беше лажењето и свесното ширење хистерија дека во државава ќе се градат мигрантски кампови, за што дури и британскиот амбасадор требаше да ги демантира и целосно да им ја разоткрие лагата.

— реклама —

Долга е листата на лаги на СДС, Филипче и Заев и наместо да се извинат тие повторно продолжуваат со нивната најдобро научена школа, лажењето во кое им нема рамен.

Наместо бесцелните прес-конференции, добро би било Кузеска во име на сите предавства и лаги на сите досегашни и актуелно раководство јавно да им се извини на граѓаните“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања