Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: „За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на обвинувањата од СДС, оценувајќи дека Владата навремено и ефикасно се справува со кризата предизвикана од загадувањето на водата во Гостивар.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека, за разлика од, како што велат, кадрите на СДС, ДУИ и Алијансата за Албанците предводена од Арбен Таравари, актуелната Влада презела брзи мерки за надминување на состојбата и за помош на граѓаните.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, преку Службата за општи и заеднички работи секојдневно се доставуваат повеќе од 60 тони вода за пиење и за технички потреби, додека Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство веднаш издале препораки и мерки за постапување.

Во соопштението се наведува дека Министерството за внатрешни работи ги привело и притворило осомничените лица и дека се прибираат докази кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство. Од партијата додаваат дека паралелно се работи и на отстранување на причините за загадувањето, со цел водата што е можно побрзо повторно да може да се користи, најпрво за технички потреби.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ очекува обвинителството и судството целосно да го расчистат случајот и да ја утврдат одговорноста, при што во соопштението прави споредба со, како што наведуваат, случајот со модуларната болница од пред неколку години.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е во начинот на справување со кризните ситуации, тврдејќи дека актуелната Влада презема конкретни мерки, додека опозицијата, според нив, се занимава со политички обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања