Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата, за нивните желби во Изборниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Како никогаш до сега, опозициските партии од Владата добија бланко лист за да ги запишат нивните барања и желби за некое законско решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС, Левица и ДУИ тоа го добија за реформскиот Изборен законик, а тоа го одбија без да седнат меѓу себе да се договорат и ни малку да размислат.

Се поочигледно е дека тоа го направија за да глумат жртви на изборните циклуси, на кои се поизвесно е дека ќе доживеат пораз, мислејќи дека виктимизацијата ќе им донесе некој поен или глас повеќе.

Вистината и реалноста која излезе на површина и ја разоткри виктимизацијата на опозицијата е дека ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка политичка партија, им ги прифаќа сите нивни барања само да се олесни начинот и да се прошири гласањето на дијаспората.

— реклама —

И ова, до сега невидена понуда и подадена рака од страна на власта, коалициските партнери СДС, Левица и ДУИ ја одбија. Тие, исто така, во новиот ИЗ одбија да бидат вклучени препораките на ОБСЕ и ОДИХР, да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање за партиите.

Кога ќе гледаме што се добија и одбија овие опозициски партии, јасно е дека тоа го направија само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори, на кои им следи историски дебакл.

— реклама —

Од друга страна, со блокирањето и недонесување на Изборниот законик, дел од Реформската агенда, сакаат да го намалат успехот на државата во делот на исполнувањето на реформите.

И покрај ваквите блокади и опструкции, Македонија е лидер меѓу земјите од Западен Балкан во однос на спроведувањето на реформите, но неносењето на овој закон е директен показател дека СДС, ДУИ и Левица ќе ја користат секоја можност да опструираат и да го спречат државниот напредок.

— реклама —

Ако гледаме од друга страна, токму овој процес покажа кој каде и за што е. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државничка партија е на власт и ја води државата, а СДС, ДУИ и Левица во длабока опозиција без доверба од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со доверба од граѓаните која работи во интерес и  за напредок на државата, додека опозициските го гледаат исклучиво интересот партиски“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања