Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Во 43 компании ќе влезат тимови од МВР и Министерството за здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library0uvugqc2o56t92U17yb

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека од денеска започнуваат теренските контроли на лиценците издадени за производство на канабис за медицински цели, посочувајќи дека додека траела прес-конференцијата, инспекциските тимови веќе биле на терен.

— реклама —

„Ќе се проверуваат 43 лиценци кои се дадени за производство на канабис за медицински цели“, изјави Алиу, објаснувајќи дека постојат две различни комисии за контрола на овој сектор – една надлежна за административните процедури во рамки на Министерството за здравство, и меѓуресорска комисија формирана согласно законска рамка на Владата, чија улога е да анализира политики поврзани со овој тип процеси. Првата комисија работела и досега за што имало извештаи, додека владината, последен извештај има во 2017 година.

— реклама —

Министерот нагласи дека во сила се два правилници – стар и нов – кои во моментот се предмет на анализа од страна на експерти и професори. Според него, врз основа на извештајот што ќе произлезе од таа анализа, ќе се донесат понатамошни одлуки, а доколку биде потребно, ќе се покренат и соодветни постапки.

— реклама —

Алиу информираше дека секоја компанија е обврзана да доставува фотографии и информации за количината и квалитетот на произведениот канабис до комисијата за која е задолжено Министерството за здравство. Во моментов, формирана е комисија од пет члена која има рок од 45 дена да изготви извештај за сите 43 лиценци.

Тој посочи и дека постојат одредени предизвици во имплементацијата на законот, меѓу кои и недостиг од службени возила, што, како што рече, дополнително го отежнува надзорот и контролата на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

marihuana

Виничанец ќе добие кривична пријава поради една семка марихуана

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymqb4ql6p874feD3Wk6D

(Видео) Македонија, Косово и Грција во заедничка акција: Уапсени повеќе лица, запленети 300 килограми марихуана

Македонија | пред 2 месеци

media-library73gfoge86c3a2DFj7L5

Татко и син фатени со пет килограми марихуана: Дрога и дигитални ваги пронајдени при претреси во Скопје и Арачиново

Скопје | пред 3 месеци

UaYct-

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања