Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во Царинската управа поднесени се 67 кривични пријави и поделени 11 откази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
carina-2

Царинската управа годинава интензивно ја насочува работата кон борба со организиран криминал и корупција, порача директорот Бобан Николовски во гостувањето во емисијата „Ставот на регионот“ на Newsnax Balkans.

— реклама —

„Делуваме системски, преку зголемена соработка со институциите и засилени контроли. Само преку Одделението за истраги поднесени се 67 кривични пријави против 38 правни и 148 физички лица, за 181 возило, со нанесена штета на Буџетот од 16,5 милиони денари. Донесени се и 11 отказни решенија за царински службеници“, изјави Николовски.

— реклама —

Тој нагласи дека резултатите се видливи и во растот на приходите – 65,5 милиони евра наплатени заклучно со август. Според него, дисциплинските постапки и отказите се дел од мерките за менување на свеста на службениците и воспоставување интегритет. Потврда за тоа е и извештајот на ДКСК, според кој Царинската управа е на петто место меѓу 72 институции во спроведување на политики за интегритет.

— реклама —

Во првата половина на 2025 година бројот на откриени неправилности во патничкиот промет е зголемен за 194 проценти во споредба со истиот период лани.

Николовски посочи дека ефикасност се постигнува и преку концептот на едно застанување на границите со Србија и Косово. „Наместо два пати, сега се застанува еднаш. Тоа овозможува забрзан проток на патници и стока, но и подобра контрола со заедничко делување против шверцот“, вели директорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Македонија | пред 10 часа

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Македонија | пред 2 дена

media-library9ush5ii8evlk6x54Yk2

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања