Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој гостува во „Претрес“ на Ландов, соопшти дека во четири општини веќе се избрани градоначалници, а тоа се Радовиш, Ресен, Свети Николе и Сопиште.
Освен тоа, тој рече дека во три општини, каде што досега градоначалници беа од редовите на СДСМ, сега владејачката партија е на чекот до победа и тоа во Струмица, Берово и во Делчево.
Во Аеродром разликата е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а во Охрид Кирил Пецаков има 11.000 гласа наспроти 4.000 колку што има неговиот протибкандидат. Во Прилеп, во огромна предност е Дејан Проданоски, исто така кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.