Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Во Франција пронајдено мртво 12-годишно момче, приведени двајца малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library9dhvsp7jkjl23VCOsQI
unsplash paul-marsan

Дванаесетгодишно момче беше пронајдено мртво во неделата попладне во францускиот град Рен, а поради сомнение за убиство во притвор се задржани 16-годишно момче и малолетна девојка.

Француското обвинителство соопшти дека 16-годишникот бил уапсен во понеделникот наутро, додека втората осомничена сама се пријавила во полицијата кратко потоа.

— реклама —

Засега не е познато како дошло до трагедијата, ниту каков бил односот меѓу тројцата малолетници.

— реклама —

Обвинителството во Рен отвори истрага за убиство на дете помладо од 15 години, а случајот е предаден на одделението за организиран и специјализиран криминал.

Полицијата и понатаму трага по докази, а пожарникарски нуркачи ја пребаруваат блиската река Вилен.

— реклама —

Според првичните информации, тревогата била подигната откако рибар слушнал детски крик, но не успеал да утврди од каде доаѓа. Набргу потоа други лица го пронашле момчето и повикале итна помош.

Спасувачките екипи го затекнале детето во тешка состојба, со пешкир стегнат околу вратот. И покрај обидите за реанимација, лекарите констатирале смрт на местото на настанот.

Жителите на мирната населба во Рен се во шок по трагичниот настан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykvfcfma73hecd55kTgK

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти

Свет | пред 15 минути

— реклама —
media-library8rc112e7sd9bc5UPpff

(Видео) Полицаец се запали среде протести во Франција: Демонстрант го нападна со молотов коктел

Свет | пред 2 часа

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Париз се подготвува за нови протести: Забранети маршеви низ центарот, распоредени 70.000 полицајци, воведен полициски час

Свет | пред 2 дена

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања