Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Во Идризово продолжува судењето за „Пулс“: Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши ќе дадат воведни зборови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarys3droijois4v65fZo5A

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ од Кочани продолжува денеска во Идризово, во атмосфера на засилени безбедносни мерки и силен интерес од јавноста. Процесот се води за најтешката цивилна катастрофа во поновата историја на државата, во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

— реклама —

На претходното рочиште дел од обвинетите ја оспорија обвинителната постапка, тврдејќи дека е нецелосна и дека нема прецизни докази кои индивидуално ги поврзуваат со трагедијата.

Досега воведни говори дадоа обвинителството и одбраните на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственикот на „ММММ Кафе“ Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и сопственикот на објектот Гроздан Милковски. Повеќето од нив ја отфрлија одговорноста и го доведоа под прашање целиот обвинителен акт.

— реклама —

Следни ќе бидат поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, потоа службениците од Министерството за економија, како и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев.

— реклама —

Воведно обраќање допрва треба да даде и Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, чииот предмет беше споен со процесот непосредно пред почетокот на судењето.

Обвинителството, составено од тим од 15 јавни обвинители, најави дека низ доказите ќе покаже дека „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од првиот ден – производ на систематска негрижа, нелегална градба, пропуштени контроли и институционални пропусти кои довеле до катастрофа.

— реклама —

На обвинителната клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Во „Пулс“ немало никаква заштита од пожар“: Градежното вештачење откри дека биле игнорирани сите безбедносни стандарди

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryibfhsghi67ilfEvkcGo

По сведочењата дека полицајци не помагале кога изгоре „Пулс“, родителите: Униформата служеше за граѓаните или за привилегираните?

Македонија | пред 4 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко добивал дојави за полициски и инспекциски контроли, синот го предупредувал за рации – објавени пораки од телефонот на сопственикот на „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn9ptuoej3o0e3BfosT9

„Немаме сила за нови неправди“: Родителите со порака од Маршот на ангелите по рочиштето за „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања