Според најновите податоци од обработени 5.369 гласачки ливчиња, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владко Грозданов, има 3.112 гласа, додека неговиот противкандидат, Венко Крстевски, има 1.875 гласа.
Во Кочани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 18:30 часот, вкупно гласале 13.131 граѓанин.
Анализата покажува дека Грозданов има речиси двојна предност во однос на својот противкандидат, а трендот на водство, според партиски извори, е стабилен и во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се неофицијални податоци.