Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во месеците кои што следат ќе има ново проширување на лекови на позитивната листа, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната пре-конференција најави дека во наредните месеци се очекува ново проширување на позитивната листа на лекови, посочувајќи дека Владата работи на промени во здравствениот сектор какви што, според него, не се случиле со години.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека граѓаните наскоро ќе добијат нови лекови кои ќе бидат достапни преку позитивната листа.

— реклама —

„Очекуваме во месеците што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека здравствениот систем претставува сериозен предизвик и дека е потребен поодговорен однос кон неговото функционирање.

Според премиерот, државата ќе продолжи да инвестира и да ги штити интересите на граѓаните, но истовремено очекува одговорно однесување од сите вклучени во системот.

— реклама —

„Не можеме континуирано да го исцрпуваме системот, а истовремено да очекуваме квалитетни услуги и сервис“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи и на можни злоупотреби во здравствениот систем, споменувајќи примери со пријавување прекувремени часови и дежурства кои, како што рече, не соодветствуваат со реалната работа.

„Ќе треба и ние многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните“, додаде премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryo7fgjuaqlunp7cuAiJc

„Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library1lgv8bt7laoteEGiKXU

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjf7ts1ro88ot4DU0bAt

Евроамбасадорот Рокас денеска му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања