Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Околу 3.000 првачиња помалку ќе има во новата учебна година, најави Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarynj78vm7cms7ifj03j5y
unsplash

Министерката за образование и наука Весна Јаневска предупреди дека во учебната 2026/2027 година се очекува да има најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година, оценувајќи дека трендот на намалување на бројот на ученици е загрижувачки.

— реклама —

На прес-конференција, на која беа презентирани резултатите од државната матура, Јаневска рече дека во моментов бројот на запишани првачиња е за околу 4.900 помал од лани, но очекува дел од децата дополнително да се запишат во наредниот период.

— реклама —

„Во овој момент бројката е 4.900 првачиња помалку од лани. Но, ќе се дозапишуваат и во овој период. Бројката ќе стигне најмногу до 3.000. Значи, сигурно ќе имаме 3.000 првачиња помалку од лани“, изјави Јаневска.

Таа информираше и дека просечната оценка на државната матура годинава изнесува 3,66.

— реклама —

„Со ваквиот успех сме многу задоволни. Тој е речиси на нивото на минатогодишниот просек од 3,69 и е подобар од оној во 2024 година, кога просечната оценка беше 3,26“, рече министерката.

— реклама —

Јаневска посочи дека годинава матурата се полагала според нов модел, со кој, како што рече, сите ученици биле ставени во рамноправна положба, бидејќи одговарале на прашања од материјалот што го изучувале во текот на образованието. Според неа, подобрените резултати се должат на ангажманот на образовниот систем, учениците и тестаторите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска најави унапредување на наставните содржини за сообраќајна безбедност

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања