Промени тема
Контакт

Во Словенија се одржува референдум за „асистирано самоубиство”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library3r7bg77fr6gc2tf6zxB

Словенците денеска на референдум ќе гласаат „за“ или „против“ неодамна усвоениот Закон за помош при доброволно завршување на животот.

— реклама —

Тоа е втор референдум за две години за потпомогнато самоубиство.

Парламентот на Словенија во јули со 50 гласа „за“, 34 „против“, а тројца пратеници беа „воздржани“ го усвои Законот, откако минатата година на советодавниот референдум 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.

— реклама —

Словенија со ова стана прва источноевропска земја што го легализираше потпомогнато самоубиство, но набрзо се појави иницијатива за референдум за отфрлање на Законот, иницирана од група предводена од конзервативниот активист Алеш Примац и поддржана од опозицијата, црквата и некои здравствени експерти.

— реклама —

Законот му дава на возрасен пациент, способен за донесување независни одлуки, право доброволно да го прекине својот живот, но само под строги услови:Ако страда неподносливо поради сериозна неизлечива болест или друго трајно нарушување на здравјето, ако опциите за лекување се исцрпени или ако третманот не дава разумно очекување за подобрување.

Правото нема да биде достапно поради неподносливо страдање кое е одраз на ментална болест.

Пациентот сам ја администрира активната супстанција за доброволно прекинување на животот, откако неговото барање ќе биде одобрено од посебна комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqnv4rtloq1bm20nOuTs

Словенците ги отфрлија измените на Законот за парламентарна истрага на референдум

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
glasanje

Словенците денес на четири референдуми: За укинување на РТВ-претплатата и ограничување на правото на глас за странци

Свет | пред 1 ден

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Словенија: 62 отсто од граѓаните користат алатки со вештачка интелигенција

Технологија | пред 3 дена

Skolo

Словенија ја укинува деветолетката

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања