Промени тема
Контакт

(ВО ЖИВО) Претрес на Ивона Талевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Студио
media-library6p4qn465t5g6dGLmshp

Новинарката Ивона Талевска ќе биде гостинка во емисијата „Претрес“, каде во долга и отворена форма ќе се разговара за нејзината професионална кариера, медиумската сцена во Македонија и клучните настани што со години предизвикуваат силни јавни реакции и контроверзии.

Во фокусот на разговорот ќе бидат периодот на прислушуваните разговори („бомбите“) и нивното влијание врз нејзе, Латас и политиката.

Талевска ќе зборува и за заминувањето од телевизијата „Сител“, кое самата го опиша како напуштање на „токсична атмосфера“, како и за односите меѓу медиумите и политичките центри на моќ во тој период. Дел од разговорот ќе биде посветен и на нејзините јавни настапи, перцепцијата за нејзината блискост со актуелната власт, како и на критиките дека често настапува со позиции што се доживуваат како одбрана на владините политики.

— реклама —

Како претседателка на Македонската асоцијација на новинари (МАН), Талевска ќе одговара и на прашања поврзани со улогата на здружението, реакциите за состојбата со медиумските слободи и обвинувањата за селективен пристап во заштитата на новинарите.

Во емисијата ќе се отворат и теми за нејзините професионални контакти со поранешни високи политички функционери како Груевски и Мијалков, медиумската одговорност во време на длабоки политички кризи.

— реклама —

Разговорот ќе има и лична димензија, со осврт на новинарскиот пат и влијанието на нејзиниот татко, новинарот Труфин Талевски, како и пораките што таа ги упатува до младите новинари денес.

— реклама —

Следете во живо:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd15h533ii65ueedsHKx

(Видео) Беџети: Немам амбиција да го наследам Ахмети

Студио | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryc41j9c8somsa5A3o6pN

(Во живо) Беџети: ДУИ нема да обезбеди Бадентер за враќање на името „Македонија“

Студио | пред 5 дена

media-libraryf0v7rd6ivom35mjKkdo

(Во живо) Беџети за Ахмети: Во партијата нема расположение да се повлече од лидерската функција

Студио | пред 5 дена

media-libraryq03a37oir6fn6bur6kl

ВО ЖИВО: ДУИ за првпат на „Претрес“ – Беџети за Ахмети, Груби, судството, „нашите и вашите“, УЧК, изборите...

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања