Слаткаристика вечерва ќе седне на жешкото столче во „Претрес со Ландов“, во едно од најочекуваните интервјуа оваа сезона. Ова е последна епизода од оваа сезона на поткастот.
СЛЕДИ ВО ЖИВО:
Од последното збогување со Владо Јаневски, преку политиката, референдумот и обвинувањата дека работел за промена на името, до настапите на политички митинзи, концертот за Илинден во Охрид и прашањето дали Македонија некогаш му прости – разговорот ќе отвори теми за кои јавноста со години бара одговори.
Ќе се зборува и за песните што одбележаа генерации, кариерата, филмот што го подготвува, периодот кога беше жестоко критикуван, обвинувањата за бугарска пропаганда, условната затворска казна од минатото, животните грешки, семејството, како и за најтешките моменти надвор од сцената.
Без однапред договорени теми и без избегнување на најнепријатните прашања, Слаткаристика ќе се соочи со сè што со години го зборат поединци.