Промени тема
Контакт

Водата во Гостивар е безбедна за техничка употреба, но не и за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryuos8kjm9qv3v3r6Fxcz

По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар е оценета како безбедна за техничка употреба. Тоа значи дека граѓаните можат да ја користат за капење, миење садови и останати домашни потреби, но таа сè уште не е препорачана за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција.

Тошковски нагласи дека дистрибуцијата на флаширана вода ќе продолжи сè додека не се потврди дека водата е целосно безбедна и за консумирање.

— реклама —

„Во постојана координација сме со локалната самоуправа за сите наредни чекори. Благодарност до граѓаните на Гостивар за трпението и разбирањето, како и до сите стручни лица кои работеа на надминување на состојбата. Се надевам дека ова ќе биде поука за сите надлежни, бидејќи здравјето на граѓаните не смее да биде доведено во прашање“, изјави Тошковски.

— реклама —

Според експертите, во изминатите три дена биле анализирани шест примероци од различни локации, при што сите покажале дека водата ги исполнува условите за техничка употреба.

— реклама —

Контролите ќе продолжат и во наредниот период со дополнителни анализи на повеќе мерни точки низ Гостивар. Надлежните очекуваат дека, доколку резултатите останат позитивни, водата наскоро повторно ќе биде дозволена и за пиење. До тогаш, граѓаните треба да ја користат исклучиво за технички потреби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 1 седмица

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања