Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Водњанскиот комплекс во СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
media-libraryqjcjbmco7cpbbTxXsCg
ФБ

Исклучувањето од партија на член на СДСМ, а член на новиот Советот на Карпош е само задоцнета реакција, пишува во колумна на ФБ, Љубомир Костовски, уредникот на Глобус магазин.Тој ја анализира состојбата во СДСМ, а особено кадровската политика.

Колку ли само погрешни активисти се ставени на погрешни мести и ја помагаат ерозијата на партијата! Затоа што се „активисти“... СДСМ се уште пати од тој - го викаме така во Скопје како одлика на старите времиња - водњански комплекс. Биографиите на избраните функционери со малку меморија лесно не враќаат кон старите елити, кон „водњанците“ кои палеа и гасеа, па морало тоа да продолжи во генерациите после нив. Не може да доаѓаат на функции деца израснати крај базени во дворовите, со никакви егзистенцијални проблеми во животот, кои кон партиското членство гледаат само „капиџик“ за продолжување на таквиот свој живот. Тие први ќе ве предадат. Да не говориме за разно-разни пријателски совети кои ќе стават директно на добитна комбинација за пратеничка во Парламентот (кутрата вдовица имала маж од Струмица) или професорка со познато моминско презиме од Штип (силната штипска струја си го зема „својот дел“ во кадровкото екипирање) ама таа претходно веќе променила стотина партии. И ете обете кога падна партиска одлука за повлекување на пратениците од Собранието си останаа таму! И станаа независни. Денес едната е во крајно десна партија!!

— реклама —

Да не говориме за постојаните лизгања во коалицирањето со ЛДП на пример и слични ситуации кои однапред воделе во катастрофални загуби при изборите, ама по правило. Таквите ситуации треба да се видат и со заврзани очи - се дава крилја на партија со минорни потенцијали на што се трошат сопствени гласови а никогаш се немало добиено реванш. Ама никогаш од 1994 година наваму! Ја споменувам таа година како показател дека сегашната елита во Комората цели 31 година од тогаш беше главен кочничар на процесите во земјава како начин да се одржи затворениот криг на „елитизмот“ и натаму попречува било каква социјална програма и толку години откако се збогати во една од највалканите приватизации во земјава.

— реклама —
— реклама —

Во право беше Заев кога по своето повлекување по изгубените локални избори 2021 година рече дека урбана мафија вложила во тие избори 200 милиони евра. Па ќе вложи и сега, па ќе го гради „Скопје на Вардар“ алијас „Београд на води“ во преостанатиот зелен дел од кејот и секој вложен денар ќе го однесе како иден супер профит на сигурна сметка. За да финансисра , меѓу другото, и некои други избори. Е таа групација го купила и советникот во Карпош, тој им е битен. Да не говорам за „политичкото неискуство“ на кандиатката - лекарка во Карпош, која инаку многу ја ценам како стручњак, а која „кутрата“ направила огромен кикс сликајќи се со својот против-кандидат во помирлив тон. Знаеме кој стои зад новиот градоначалник на Карпош и каде земаше плата, како и тоа дека од таму, од таа каса многу лекари потоа лесно добиваат поткрепа во патувања до разни семинари во странство. Се се гледа толку лесно. Ама треба да се гледа и согледа она што дури и слепците би го виделе, пишува Костовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4r2ei7icocg038e47y2

СДСМ: Зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не му честитаа на Петер Маѓар и на новата демократска влада во Унгарија, кога велат дека Тиза им е „сестринска партија“?

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

СДСМ: После ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ – повлекување на градоначалникот Сотир, внатрешни кавги и поделби

Македонија | пред 4 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Уште 21 ден до неисполнување на реформите од страна на Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-librarygpr92pi2mkr84MNIj8U

СДСМ: ЗНАМ се распаѓа – ВМРО-ОКГ очајнички ја активира својата платформа за внатрешно рушење на СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања