Промени тема
Контакт

Водно и Матка добиваат постојана Планинска спасителна служба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library0hckor4pnp5c1fBlHDc

Планинска спасителна служба ќе биде достапна на Водно и во Кањон Матка, со цел побрза интервенција при несреќи и укажување помош на посетителите, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека проектот се реализира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а денеска на Водно бил презентиран тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и била изведена симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови.

Според Ѓорѓиевски, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица, а спасителите ќе поминуваат континуирани обуки и симулациски вежби за унапредување на нивната подготвеност.

— реклама —

Дополнително, на Водно и во Кањон Матка ќе бидат поставени пунктови каде посетителите ќе можат бесплатно да го измерат крвниот притисок, а ќе се реализираат и едукативни активности за безбедно движење во природа, превенција од пожари и заштита на животната средина.

Ѓорѓиевски посочи дека за реализација на проектот е обезбеден буџет кој е двојно поголем во споредба со минатата година, што, како што рече, ќе овозможи подобра опрема, поголема подготвеност и поквалитетна помош за граѓаните.

— реклама —

Граѓаните кои ќе се најдат во итна ситуација на Водно или во Кањон Матка ќе можат да побараат помош на дежурниот телефон 072/269-876 или на електронската адреса skopje.katastrofi@redcross.org.mk.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zicnica-696x463

Ѓорѓиевски: Жичницата била небезбедна, три сензори биле надвор од функција

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-library1bqucq550pc98incr2G

„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryiflk151ln5pveGgjnX1

(Видео) „Мизерија од народ сме“: Ѓубре насекаде, искршена клупа и целосно демолиран летниковец на Водно

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryc56s1v4s0g8udp80jYH

Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно: го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања