Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески кои во првиот круг освоија доволно гласовви да се тркаат за градоначалничката фотелја, се повлекоа во корист на кандидидатите на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ. Сепљк, според Законот, нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња во вториот изборен круг на 2 ноемри.
Законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи. Ова значи дека гласање сепак ќе има и тие и покрај декларираното откажување, ќе останат на гласачкото ливче, Пивковски со Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, а Војнески со Жарко Ристески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пивковски која влезе во изборната трка како независен кандидат, напиша дека ја донел одлуката по внимателно размислување и бројни разговори во интерес на заедништвото, наместо поделбите.
„ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член, секогаш сум се водел од идејата за чест, за работа и за почит кон луѓето. Така било и ќе остане“, напиша тој.
Од лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ, како негова матична партија, претходно се откажа и Војнески.
„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.“ напиша Војнески.