Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Вонредна состојба на Онкологија: Поплавен делот за зрачење, исклучени апаратите, пациентка заглавена под јод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library62cle5pp2onb6c9cD9x

Вонредна ситуација има на Клиниката за онкологија, откако бил поплавен долниот кат, каде се врши радиотерапија на пациенти кои се лекуваат од малигни заболувања, дознава „Скопје1“.

Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, за „Скопје1“ потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати, со што е спречена поголема опасност.

— реклама —

„Апаратите се навремено исклучени“, изјави Стојковски.

— реклама —

Според информациите до кои дојде „Скопје1“, во моментот на поплавата една пациентка се наоѓала на третман со јод која не може да ја извадат поради водата.

Во врска со ова, директорот посочи дека Клиниката е во постојана комуникација со Агенцијата за радијациона сигурност и дека нема ниту еден пациент кој е изложен на ризик.

— реклама —

Во меѓувреме, пациенти кои биле во Клиниката сведочат дека по ходниците биле поставени ќебиња и чаршафи за да се впие водата и да се санира состојбата.

— реклама —

Според нив, имало и вознемирен пациент кој реагирал и се заканувал кон дел од персоналот поради настанатата ситуација.

Поплавата е по невремето во Скопје, но не е познато колкава е материјалната штета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykrbud0cqpaobaGOKrkf

(Видео) Поплавена раскрсница во Чаир

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-librarydhlgsipjjh3l23U8trO

(Видео) Автомобил остана заглавен под подвозникот кон Бутел по силното невреме

Скопје | пред 3 часа

media-libraryeif14365i67lcwSH2M0

Поплави и невреме во Скопје: Ѓорѓиевски најави итни интервенции низ градот

Скопје | пред 3 часа

media-librarymf877b61icgt1ybAEz5

(Видео) По обилните врнежи од дожд поплавени се улиците во близина на усје

Скопје | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања