Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Автомобил остана заглавен под подвозникот кон Бутел по силното невреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarydhlgsipjjh3l23U8trO

Силното невреме што го зафати Скопје предизвика сериозни проблеми на повеќе локации низ градот. Под подвозникот кон Бутел, поради големата количина вода што се собра на коловозот, автомобил остана заглавен и не можеше да го продолжи движењето.

— реклама —

Во меѓувреме, и други граѓани споделуваат информации за последиците од невремето на различни делови од главниот град. Според нивните пријави, паднати дрвја и делови од фасади има во Центар, Дебар Маало, Ченто, Капиштец, Лептокарија и Карпош 4, при што оштетени се и неколку паркирани возила.

— реклама —

Граѓаните информираат и дека не работат семафорите кај булеварот „Борис Трајковски“, како и на крстосницата кај „Раде Кончар“, што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот.

Особено тешка е состојбата и на потегот од Континентал кон Бит Пазар, каде што има големи количества вода на коловозот. Според пријавите, кај пешачкиот мост во близина на Бит Пазар водата се прелева преку коловозот и ги заплискува возилата што се движат во правец кон Центар.

— реклама —

Граѓаните апелираат до возачите да бидат особено внимателни, да избегнуваат движење низ поплавените подвозници и да ја приспособат брзината на условите на патот, додека надлежните служби работат на расчистување на последиците од невремето.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1eau503skofc1ztCps1

Пред 10 години катастрофалното невреме однесе 22 животи во Скопје, меѓу нив и двегодишно дете

Скопје | пред 4 дена

media-library62cle5pp2onb6c9cD9x

Вонредна состојба на Онкологија: Поплавен делот за зрачење, исклучени апаратите, пациентка заглавена под јод

Скопје | пред 1 месец

media-librarykrbud0cqpaobaGOKrkf

(Видео) Поплавена раскрсница во Чаир

Скопје | пред 1 месец

media-libraryeif14365i67lcwSH2M0

Поплави и невреме во Скопје: Ѓорѓиевски најави итни интервенции низ градот

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања