Промени тема
Контакт

Поплави и невреме во Скопје: Ѓорѓиевски најави итни интервенции низ градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryeif14365i67lcwSH2M0

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека по силното невреме кое денеска го зафати главниот град, Кризниот штаб, заедно со екипите на јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен.

Тој посочи дека градските служби се во постојана координација со Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и останатите надлежни институции, со цел навремено да се реагира при евентуални поплави, штети или други последици од невремето.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, сите расположливи капацитети се ставени во функција, а екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе има потреба.

Воедно, тој упати апел до граѓаните да бидат внимателни, смирени и да соработуваат со надлежните служби, нагласувајќи дека, иако невремето не може да се спречи, со навремена и организирана реакција може да се намалат неговите последици.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1eau503skofc1ztCps1

Пред 10 години катастрофалното невреме однесе 22 животи во Скопје, меѓу нив и двегодишно дете

Скопје | пред 3 седмици

media-library62cle5pp2onb6c9cD9x

Вонредна состојба на Онкологија: Поплавен делот за зрачење, исклучени апаратите, пациентка заглавена под јод

Скопје | пред 1 месец

media-librarykrbud0cqpaobaGOKrkf

(Видео) Поплавена раскрсница во Чаир

Скопје | пред 1 месец

media-librarydhlgsipjjh3l23U8trO

(Видео) Автомобил остана заглавен под подвозникот кон Бутел по силното невреме

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања