Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вонредни инспекции за канабис, нов паркинг за Клинички, одлучи Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library0tbsmrtjnn0c9Qhos0r

Владата ќе спроведе вонредни контроли на сите правни лица што имаат лиценца за одгледување и производство на канабис за медицински цели, со цел спречување индустриско нелегално производство и пласман на канабис на домашниот и меѓународниот црн пазар. Ова го соопшти владината портпаролка Венера Азизи, информирајќи за заклучоците донесени на 149. седница на Владата.

— реклама —

Како што истакна Азизи, институциите се задолжени, во рамките на своите надлежности, да ги преземат сите законски утврдени мерки и активности и да извршат вонредни контроли на целата територија на државата. Во рок од 45 дена тие ќе треба да достават извештај до Владата за состојбата со лиценците и работењето на субјектите што произведуваат медицински канабис.

— реклама —

Покрај тоа, Владата ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Азизи нагласи дека оваа комисија, иако била формирана во 2017 година, во изминатите години практично не функционирала и немала резултати, поради што во иднина ќе се бараат редовни извештаи и активна работа.

На истата седница е донесена и одлука за конечно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Со оваа одлука се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркингот и се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. Министерството, во рок од три месеци, го завршило процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи и софтверско решение за поефикасно управување.

— реклама —

Дополнително, Азизи информираше дека Владата го усвоила Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, кој заедно со Предлог-законот за јавно обвинителство добил позитивно мислење од Венецијанската комисија. Усвојувањето на овие закони во Собранието, како што беше посочено, ќе значи исполнување на важен чекор од Реформската агенда.

— реклама —

„Нашата цел како Влада е да воспоставиме неселективност во постапувањето и да преземаме политики во интерес на граѓаните“, порача Азизи, додавајќи дека Владата продолжува со реализација на програмата насочена кон обезбедување подобар, поквалитетен и побезбеден живот за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања