Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Возила за разбивање демонстрации влегоа во центарот на Белград на изборниот ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Свет
media-libraryuetfmaqcvi4m7Z8xJN9
N1 Beograd

Повеќе специјални возила на српската Жандармерија, наменети за разбивање демонстрации и потиснување толпи, денеска се забележани во центарот на Белград, додека во Србија се одржуваат предвремените парламентарни избори, јавува телевизијата Н1.

— реклама —

Возилата биле снимени на раскрсницата меѓу улиците „Кнез Милош“ и „Крал Милан“, кај Лондон, од каде што се упатиле кон Теразие. За нивно поминување била отворена полициската блокада со која претходно бил запрен сообраќајот на дел од улицата „Кнез Милош“.

Според информации што граѓани ги доставиле до Н1, претходно во текот на денот на автопатот Белград – Ниш била забележана колона од околу 20 возила на Жандармеријата, кои се движеле во правец кон српската престолнина.

— реклама —

Станува збор за возила од ист тип како оние што биле користени за време на протестите во Нови Сад во летото 2025 година, кога припадници на Жандармеријата ги користеле за потиснување демонстранти од булеварите и пошироките градски улици.

— реклама —

Присуството на специјалните возила доаѓа во период кога дел од центарот на Белград е затворен за сообраќај, а околу седиштето на Републичката изборна комисија, на улицата „Крал Милан“, се поставени заштитни огради и е забележано засилено полициско присуство.

Засега нема официјално објаснување за распоредувањето на овие возила, ниту информации дека денеска биле употребени против демонстранти.

Избирачките места во Србија се отворени до 20 часот, по што се очекуваат првите резултати од гласањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Излезноста во Србија расте, а со неа и напнатоста

Балкан | пред 2 минути

— реклама —
media-libraryivvmaj7g2c9fcuyqGQf

Унгарскиот премиер Маѓар се огласи за изборите во Србија

Балкан | пред 4 минути

media-librarytdokljj6icjb7gzi0vF

Адвокат и изборен набљудувач претепан во Белград, напаѓач му се заканувал со пиштол

Балкан | пред 29 минути

media-library8l0udd6em6qr4I6Qsj5

(Видео) Кандидат на листата на СНС затекнат со паралелни избирачки списоци во Вршац

Балкан | пред 45 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања