Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Вознемирувачко видео) Полицијата го расчистува случајот во Аеродром: Девојче било принудено да клекне, па било претепано додека го снимале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryal90dteo6gu91F7c1x2
ФБ / МВР

Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривични пријави по случајот со насилството врз 12-годишно девојче во скопската населба Аеродром, откако во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

— реклама —

Според МВР, на 1 јули 2026 година, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка претходната вечер, околу 22 часот, во парк во Општина Аеродром била физички нападната од малолетнички.

Според пријавата, девојчето најпрво било принудено во два наврати да клекне на колена и да се извинува пред две малолетнички. Кога се обидело да си замине, било физички нападнато од друга малолетничка, додека повеќе присутни малолетници го снимале целиот настан со мобилни телефони.

— реклама —

За случајот е известен јавен обвинител за малолетници, како и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

— реклама —

Од МВР соопштија дека се работи на утврдување на идентитетот и на другите инволвирани малолетни лица, по што ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „насилство“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за врсничкото насилство, кое во последниот период сè почесто се снима и споделува на социјалните мрежи. Надлежните институции апелираат ваквите случаи веднаш да се пријавуваат, со цел навремена заштита на жртвите и санкционирање на сторителите, како и превенција од идни случаи на насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Децата жртви во судските евиденции зголемени за 118 отсто, прекршоците за 54 отсто – што открива извештајот за 2025 година

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryrms9boiacf7s6ISXPUl

(Видео) „Кој ќе влезе во кругот, добива ќотек“ – мајката на претепаното дете од Влае откри што се зборува за плоштадот „Делфина“

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymrpk8987q3h55QdOcks

(Видео) „Како не ти е срам?“ – мајката на претепаното дете од Влае раскажа како реагирала мајка на едно од децата по пријавата во полиција

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања