Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„ВРЕДИ одработи за ДУИ во Брвеница, а ДПМНЕ за локалните избори одработуваше против Левица во корист на ВРЕДИ во Струга, Тетово и Гостивар“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
apasiev

Левица преку соопштение реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ по изборниот пораз во Брвеница, посочувајќи дека партијата сега го проблематизира однесувањето на својот коалициски партнер ВРЕДИ, иако на претходните локални избори самата дејствувала во негова политичка корист.

— реклама —

Во соопштението Левица оценува дека случајот во Брвеница отвора прашања за политичките проценки на раководството на ДПМНЕ, кое, според нив, дури по изборите ги препознало потезите на сопствениот коалициски партнер, нарекувајќи го „тројански коњ“.

— реклама —

Од партијата велат дека ДПМНЕ повторно ја посочува Левица како виновник за сопствениот неуспех, но потсетуваат дека на локалните избори во Струга, Тетово и Гостивар, каде што Левица имала свои кандидати како алтернатива на ДУИ и ВРЕДИ, ВМРО-ДПМНЕ водела активна кампања против нив.

— реклама —

Според Левица, таа кампања опфаќала прес-конференции и теренска агитација, со што политички биле поддржани кандидатите на ВРЕДИ – партијата чие однесување во Брвеница ДПМНЕ денес го критикува.

— реклама —

Од Левица порачуваат дека погрешните политички проценки и коалициските договори се одговорност на ВМРО-ДПМНЕ и дека другите политички субјекти не се должни да ги санираат последиците од нивните одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 6 дена

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 6 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања