Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски - ново признание на ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Од СДСМ денеска преку соопштение повторно упатија обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека во Владата предводена од Христијан Мицкоски има голем број функционери со бугарски државјанства.

Во соопштението, СДСМ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ го одбило предлог-законот со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.

— реклама —

„Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Партијата оценува дека власта води лицемерна политика во однос на прашањата поврзани со Бугарија и европските интеграции.

Во соопштението се посочува дека ВМРО-ДПМНЕ со текот на времето го прифатило Преспански договор, како и членството во НАТО.

— реклама —

„Со години ширеа хистерија и страв дека е загрозен македонскиот идентитет, токму тие кои се со бугарски пасоши во џебовите“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата тврдат дека голем број функционери од ВМРО-ДПМНЕ поседуваат бугарски пасоши, додека истовремено, според нив, ја блокираат европската интеграција на државата и создаваат конфликти со Бугарија.

„Најгласни против Европа се токму оние кои одамна си ја обезбедиле Европа за себе“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања