Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Според хидролошката информација добиена од УХМР, за време на вечерните часови и ноќта започнувајќи најпрво од западните делови се очекуваат врнежи од дожд кои за време на раните утрински часови се очекува да се прошират и во источните делови и да ја зафатат целата територија на земјата.

— реклама —

„Иако на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат овие врнежи без излевање на водата надвор од нивните речни корита и без предизвикување на поплави.

— реклама —

Единствено, доколку на места врнежите бидат интензивни и со пороен карактер, можно е да дојде до брзо зголемување на водостојот на суводолиците и помалите реки (со помали сливни површини), а исто така поради можноста од појава на невреме можни се и локални проблеми во дел населените урбани места.

На планините особено во западните делови врнежите се очекува да бидат од снег и да се зголеми снежната покривка што позитивно ќе влијае на хидролошката состојба во наредниот период.

— реклама —

Поради очекуваниот повремено силен ветер од јужен правец можна е појава на високи бранови на Охридското Езеро во Охрид каде водостојот на езерото е прилично висок.

На места каде врнежите локално ќе бидат поројни и интензивни предупредуваме на внимателно движење покрај суводолиците и помалите реки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања