Промени тема
Контакт

Врвно естетско доживување со младата пијанистка Горјана Стојановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-library5g0v3rrnng837UzHnNd

Новата фестивалска недела на „Охридско лето“ започна со солистички концерт на младата македонска пијанистка Горјана Стојановска која со своето музицирање ја воодушеви публиката во црквата „Света Софија“.

Вечерта на пијано започна со прекрасната изведба на Баховото Капричо „На заминување на најмилиот брат“  а  потоа следуваa и шесте ставови на  позната музичка свита од францускиот композитор Морис Равел„Гробот на Купрeн“.  Љубителите на класичната музика  проследија и импресивна изведба  на две пиеси од Брамсовите Фантазии  опус 116. Потоа следуваше  драматичното соло дело за пијано „Думка“ од Петар Илич Чајковски со емоционални и музички контрасти, така како што налага и самата композиција.

media-libraryled2mdqavl4fcFBePCt

Пијанистката Стојановска, прекрасната музичка вечер за која беше наградена со громогласни ракоплескања, ја заокружи со Балада опус 47 бр.3 од Фредерик Шопен, ремек дело за соло пијано познато по својата лирска убавина, поетска елеганција и живописни музички контрасти.

— реклама —

-Ова е посебен материјал подготвен за фестивалот „Охридско лето“. Претходно имав можност само еднаш да го изведам во Истанбул што ми беше добра подготовка, но идејно, материјалот претходно беше склопуван специјално за овој фестивал, вели Стојановска.

Младата уметница Горјана Стојановска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорката Марија Ѓошевска, по претходни студии кај професорот Борис Романов. Своето усовршување го продолжува на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија, во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан.

— реклама —
media-library1ffkk9mpn4ej4dso8yt

Од 2021 година  работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

— реклама —

-Педагогијата е комплексна и истовремено убава работа. Потребен  е период за растење и за нејзино изучување кој всушност и не завршува, но целта на крајот е токму тоа,  учениците да можат да се потпрат на својот педагог, да се чувствуваат добро со тоа што го прават и да го сакаат  нештото, без разлика дали ќе се ориентираат професионално или не. Инаку, јас ја имав таа среќа да имам многу добри педагози и луѓе со кои навистина имам убави спомени. Тоа се луѓе со кои и натаму блиску комуницирам, додава пијанистката Стојановска.

media-libraryc19k990q2vvd2ognsu9

По врвниот концерт на „Охридско лето“, следниот  настап за Стојановска  ќе го има  со обоистката Наташа  Димовска, за што, како што вели,  многу се радува бидејќи ќе се изведува камерна музика, која според неа, нуди многу познанства, нови хоризонти и нови истражувања во музиката.

media-libraryjdm9nb9qeids13Err60

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања