Промени тема
Контакт

Врховниот суд го одбележа Денот на правосудството и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3281

Врховниот суд на Република Северна Македонија го одбележа 31 март, Денот на македонското правосудство и по повод значајниот датум ја објави и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки 2018 – 2023.

— реклама —

На свечениот настан кој се одржа во Врховниот суд присуствуваа претставниците на правосудните институции, амбасадорите на САД, Европската Унија и Кралството Холандија, и претставниците на граѓанските организации, академската заедница и судската администрација.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, честитајќи го Денот на правосудството, истакна дека историските традиции над кои е втемелено современото судство мора да се почитуваат и да се негуваат.

— реклама —

„Како претседател на Врховниот суд на овој значаен ден Ве повикувам сите заедно, со заеднички сили, да бидеме солидарни во име на владеењето на правото и иднината на нашата држава. Сите заедно мора да бидеме на браникот на независната судска власт. Тоа треба да биде одраз на нашиот интегритет, но и на нашата судска култура. Да се носи судиската тога е голема одговорност. Таа треба да биде нашата гордост и достоинство. Заклетвата која ја даваме е нашата света обврска, пред Уставот и пред граѓаните. Судството не смее да му служи никому освен на граѓаните, на уставот и на законите. Довербата на граѓаните во правосудството е од суштинско значење за владеење на правото“, истакна Адеми.

— реклама —

Претседателката на Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, во своето обраќање нагласи дека принципите на независност на судството мора да се почитуваат и дека квалитетните одлуки се огледало на судството. Дамева подвлече дека Врховниот суд е на нивото на својата задача и го поздрави објавувањето на новата Збирка на судски одлуки на Врховниот суд.

Во рамки на свечениот настан, во знак на почит и благодарност за континуираната поддршка на судството и Врховниот суд на Република Северна Македонија во име на владеењето на правото, беа доделени свечени плакети на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и на амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп.

— реклама —

Заблагодарувајќи се за искажаната почит и благодарност, амбасадорите истакнаа дека независноста на судството и интегритетот се клучни за владеењето на правото, дека градењето на јавната доверба е од императивно значење и дека во таа насока мора да се продолжи со реформскиот процес согласно европските стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ohgb06ldvnd1fR9o64

(Фото) Тешка сообраќајка во Ченто: БМВ целосно уништено по судир со „голф“ кој заврши во автобуска постојка

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarygp8a2sllms369ul6Fji

„Пулс“, СЈО и Жан Митрев се клучните тестови за Савески, следуваат тешки одлуки за обвинителот Савески, вели професорот Дескоски

Коментари | пред 5 месеци

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 7 месеци

media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Коментари | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања